(ФОТО) КАРЕН ЗАПОЗНАЛА МАЖ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ И МИСЛЕЛА ДЕКА Е ГОСПОДИН! Ја вплеткал во МРЕЖА од лаги а полицијата и открила со КОГО Е ВО ВРСКА!

Карен Грегори (50) од 2016. година била во врска со Кевин Бевис (38), а се запознале преку социјалната мрежа Фејсбук и тој изгледал како вистински џентлмен, а дури сега таа сфатила каква монструозна лага и „продал“.
– Беше неверојатно убав, со вистински старомодни манири. Тоа беше вистинско пријатно изненадување во морето на денешните мажи. После три месеци врска, сепак, сфатив дека не се совпаѓаме во областа на интимноста. Сакаше да пробаме свингување, јас не сум за тоа. Сепак, тој инсистираше дека ако не сум за тоа, тој нема да ме присили – вели таа за странските медиуми, а пренесува „Daily Mail“.


Тие ја продолжиле врската, а потоа во 2017 година, Кевин и кажал дека има рак на стомакот.
– Јас бев без зборови. Неговата состојба стануваше се’ полоша и полоша. Се’ се случи во времето кога почнав да поминувам многу време со ќерка ми, тинејџерка. Секој пат кога ќе се зближевме, тој одеднаш се чувствуваше полошо. Никогаш не ми дозволи да одам на лекар со него. Исто така, се разбира, тој беше ослободен од сите домашни обврски. И неговите родители, се разбира, знаеја дека има рак и сите бевме многу загрижени – вели Карен.

– Го возев на хемотерапија, но по никоја цена не ми дозволи да влезам во болница, иако сакав да бидам со него. Почна да оди со бастун бидејќи рече дека нема сила да оди и навистина се онесвести неколку пати.
Наскоро, Кевин и рекол дека ракот се проширил во устата, па дури и во мозокот, и дека ќе умре за две години.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …