Ова се ПРОФЕСИИ во кои НАЈМНОГУ СЕ ИЗМАМУВА: Откријте дали и вашата е на ЛИСТАТА!

Истражувањето открило во кои сектори е најчесто застапена измамата.
Истражувањето на веб-страницата „Illicit Encounters“ открило дека банкарите и вработените во финансискиот сектор се меѓу оние кои најчесто практикуваат неверство, се вели во извештајот објавен во „The Independent“. Оваа платформа им овозможува на венчаните да најдат љубовник или љубовница на интернет, а истражувачите го анализирале уделот на корисници кои припаѓаат на одредени сектори.

Иако моралот и личните убедувања играат голема улога во тенденцијата за изневерување, факторот можност често е одлучувачки. Одредени занимања може да дадат повеќе можности за средба со други луѓе, да се биде надвор од дома и позиција на моќ која носи поголема предиспозиција за прељуба.


Според истражувањата, ова се работните места на кои се забележани најголем број прељубници:

– Вработени во финансискиот сектор (18 проценти)


– Вработени во секторот за управување и човечки ресурси (12 проценти)

– Директори (8 проценти)


– Самовработени (8 проценти)

– Инженери (6 проценти)

– Информатичари (6 проценти)

– Сметководители (5 проценти)

– Вработени во продажба/маркетинг (4 проценти)

– Вработени во државната администрација (3 проценти)

– Здравствени работници (3 проценти)

– Правници(3 проценти)

This image has an empty alt attribute; its file name is izmama-1.jpg

– Вработени во медиумската/забавната индустрија (2 проценти)

– Уметници/дизајнери (2 проценти)

– Просветни и научни работници (2 проценти)

– Вработени во услужната индустрија (2 проценти)

– Пензионери (2 проценти)

– Администратори/работници за поддршка на клиенти (2 проценти)

– Работници во туризмот (2 проценти)

– Трговци (1 процент)

– Други професии (1 процент)

Важно е да се напомене дека овие истражувања даваат увид во одредени трендови, но не ја претставуваат апсолутната вистина за сите вработени во овие сектори.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Едноставно и вкусно – Десерт без печење: Подгответе го тигар колачот за само 15 минути

Доколку сакате колачи, но немате време за рецепти кои бараат долга подготовка и печење, овој …