Отворена изложбата на карикатури “IN VINICA VERITAS”: Светски автори на сцената во Крива Паланка”

Во НУ Центар за култура Крива Паланка денеска беше отворена изложбата од Меѓународниот фестивал за хумор и сатира “IN VINICA VERITAS 2023 “, на која се поставени 50-те најуспешни селектирани карикатури од светски познати автори.

Изложбата се организира во соработка со Домот на култура ,,Тошо Арсов” Виница, а темата на 15-то јубилејно издание на конкурсот за карикатура е „Нештата стануват возможни”.


„Годинава на меѓународниот конкурс учествуваа 224 автори од 46 држави, со вкупно пристигнати 622 карикатури , а во изложбениот простор на Центарот за култура од Крива Паланка поставени се 50 карикатури кои од интернационалното жири беа оценети како најдобри , меѓу кои и трите првонагредени карикатури од автори од Колумбија, Кина и Шпанија. Благодарение на овој конкурс, кој е дел од Фестивал за хумор и сатира, Виница и Домот на културата одамна фигурираат на интернационалната мапа на фестивали за хумор и сатира, а општината е една од светските престолнини на карикатурата”, истакна Благица Стојановска, директорка на Домот за култура ,,Тошо Арсов” од Виница.

Таа подвлече дека им преставува особена чест и задоволство што изложбата е дел од манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024″, посочувајќи го градот како пример за негување на културните вредности и афирмација на културата.


„Крива Паланка од отсекогаш била пример за квалитетни културни настани и збиднувања. Секоја чест за колегите од културните институции, нека продолжат со истото темпо за да го оправдаат епитетот на Град на културата за оваа година”, рече Стојановска.

Кривопаланчани имаат можност да ја погледаат изложбата во наредните денови во изложбениот салон на НУ Центар за култура.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …