Македонија за прв пат селектирана на La Fabrique Cinéma со „Пролетно Чистење“ на Марија Апчевска во продукција на Кино Око

Проектот „Пролетно чистење“ на режисерката Марија Апчевска – Петровска во продукција на Кино Око, а по сценарио на Марија Апчевска – Петровска и Ереник Бекири е еден од 10-те проекти одбрани на 16-та едиција на престижната програма La Fabrique Cinéma de INSTITUT FRANÇAIS за препознавање и промовирање на филмаџии и продуценти од целиот свет.

Ова е прв македонски проект одбран во оваа програма.


Програмата La Fabrique Cinéma ќе се одвива во рамките на Festival de Cannes од 14 до 25 мај, 2024, каде продуцентот Роберт Насков и режисерката Марија Апчевска – Петровска ќе имаат можност да го претстават проектот „Пролетно Чистење“ пред најдобрите агенти за продажба и дистрибутери како и пред програмери и селектори на најголемите филмски фестивали.

La Fabrique Cinéma de l’Institut français претставува програма за идентификување и промовирање на филмаџиите и продуценти од земјите во развој, кои нудат поддршка по „мерка“ за први и втори филмски проекти, во тесна соработка со Festival de Cannes, Marché du Film и бројни професионални партнери. La Fabrique Cinéma е алатка која поддржува меѓународна копродукција со Франција, покрај фондот „Aide aux Cinémas du monde“, фонд со кој заеднички управува Францускиот Национален Филмски Центар (CNC) и Францускиот институт.


Од 2009 година, програмата поддржала 154 проекти од земјите во развој и помогнала на 282 учесници од кои 43% се жени од 65 различни националности.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …