Откриено каде се наоѓаат 28. ТОНИ ЗЛАТО! Германците го скриле, познато во која палата се крие!

Богатството што Германците го закопале за да не падне во рацете на Русите во 1945 година било откриено благодарение на дневникот на еден масон
Во наредните денови, вистинската златна треска се очекува да започне да ги тресе жителите на полскиот град Вроцлав, по информациите што ги пренесе англискиот „Дејли меил“.
Имено, истражувачите на полско-германската фондација „Шлески мост“, кои тврдат дека го добиле дневникот од масонска ложа, велат дека богатството било закопано во последните денови на Втората светска војна, заедно со труповите на неколку сведоци и дека ја знаат точната локација! Според фондацијата, залихите на златни шипки, накит и монети лежат на дното на разрушеното бунарско окно во темелите на палатата во Вроцлав!


„Дејли мејл“ наведува дека се сомнева дека 28. тони нацистичко злато кои вредат повеќе од една милијарда и 350. милиони евра се скриени во овој град на Полска!
Роман Фурманјак, претседател на фондацијата што ја пронајде локацијата, тврди дека дневникот го напишал службеникот на СС, Егон Оленхауер, кој претставувал врска меѓу полициските службеници кои го криеле богатството и богатите припадници на единиците на СС и нивните семејства!



Се верува дека Хитлер наредил 260. камиони натоварени со скапоцености да бидат скриени во регионот Шлесија, кога се смени текот на Втората светска војна.
Според Фурманјак, дневникот со децении бил кај 1.100-годишна масонска ложа, пред да биде предаден на фондацијата пред 10. години.


Тој рекол дека деталите можеле да бидат објавени дури минатата година, откако сите оние што се поврзани со настаните од дневникот починале, а сега, со излегување во јавноста, тој се обидува да ја натера владата да почне со ископување.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …