Откриена тајната на содржината на термосот кој Владимир Путин секогаш го носи со себе:„Крвавиот еликсир“ е најскап и најбаран во светот а го користи и рускиот претседател!

Во текот на многу векови, „еликсирот од крв“ од рогови на елен бил еден од најбараните и најскапите лекови во светот. Античките Кинези тврделе дека овој балзам дава животна сила, ја обновува младоста и ја зголемува машката моќ.
Истражувањата на современите руски научници ја потврдиле ефикасноста од народниот лек, кој што станал многу популарен помеѓу спортистите, космонаутите, политичарите.
‘Крвавиот еликсир’ од роговите на еленот бил еден од најбараните и најскапоцените лекови на светот. Древните Кинези тврделе дека овој балзам дарува животна сила, ја враќа младоста и ја зголемува машката потенција.
За овој еликсир се верува дека го користи и претседателот на Русија, Владимир Путин, кој со себе секогаш има мал бел термос.


Тајниот рецепт на древните Кинези
Археолозите кои што ја истражувале царската гробница во кинеската провинција Ханан, неочекувано наишле на необичен свилен спис стар 2.000 години.
Древниот ракопис содржел 52 тајни рецепти на долговечност и машка сила. Главните состојки на чудотворните лекови биле млади рогови од елен.Младите, меки, влакнести рогови се сметале за скапоценост поради нивната крв која што ја содржеле. Кинеските доктори користеле екстракт од младите рогови за чудотворен балзам против многу болести, а особено против импотенција.
Од правот на роговите се прават и чаеви кои што се користат за лечење на многубројни болести, а водата во која што се подготвуваат роговите станува еликсир на младоста и здравјето.


Путин на Алтајските планини
За да се капат во када со таков природен балзам, на Алтајските планини често одат најпознатите руски спортисти, актери, космонаути и претставници од политичките партии.
Путин го посетил и алтајскиот санаториум каде што пациентите се капат во чудотворниот еликсир. Рускиот претседател детално се распрашувал кај главниот доктор за ефектот на медицинската процедура.
Според тврдењата на руските медиуми, Путин на себе го испитал дејството на лековитата купка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …