Тоа не е само мит или популарно верување
Луѓето кои ги изневерувале своите партнери во минатото имаат поголема веројатност да го сторат тоа повторно во споредба со оние кои отсекогаш биле верни.
Психолозите кои своето истражување го објавиле во списание велат дека причината е тоа што мозокот станува „отпорен“ на негативни емоции како што е лажењето.
Кога ќе измамиме некого, се активира делот од мозокот одговорен за емоциите и поради тоа можеме да чувствуваме срам или вина. Скенирањето на мозокот покажа дека луѓето полесно лажат со текот на времето, а мозокот станува помалку подложен на изневерување. Колку е помалку чувствителен, толку полесно им е на луѓето да го лажат партнерот.
Претходните студии покажале слични резултати. Луѓето кои изневерувале во првата врска имаат три пати поголеми шанси да извршат прељуба во следната врска од оние кои биле верни.
Исто така, тие се сомничави кон своите партнери. Прељубниците имаат четири пати поголема веројатност да ги обвинат своите партнери за прељуба, без разлика дали го извршиле тоа или не.
Фото: Архива