ОДЛУКА НА СУД – БЛИЗНАЦИТЕ ГИ ОДВОИЛЕ ОД МАЈКАТА: Ги родила во 65. година и го загубила старателството над нив поради една причина!

Судот донел одлука за одземање на правото на старателство поради ризиците за малолетниците и тешкотиите со кои нивната мајка се справува веќе некое време.
Жената која родила близнаци на 65-годишна возраст го загуби старателството над своите деца затоа што судот одлучил дека таа не може соодветно да се грижи за нив. Имено, официјалните лица тврдат дека децата биле „ранливи“ додека биле со нивната мајка.
Маурициус родила близнаци, кои сега имаат четири години, откако пристигнала во Соединетите Држави на лекарски помогнато оплодување.
Но, наскоро по раѓањето на близнаците, социјалните работници го презеле старателството над нив, заклучувајќи дека децата се во опасност. На мајката и било дозволено да остане во контакт со децата, но под надзор на социјалните служби. На крајот заклучиле дека мајката не ги следела нивните упатства па нејзините близнаци и биле трајно одземени.


Маурициус поднела тужба, но нејзината жалба била отфрлена од Шпанскиот семеен суд, а подоцна и од Врховниот суд, кој одлучил децата да бидат вдомени поради недостаток на соодветна заштита од биолошката мајка.
Ја одвеле и нејзината ќерка
Според шпанските медиуми, судот утврдил дека близнаците биле во опасност поради невозможноста на нивната мајка соодветно да се грижи за нив, но таа одлука нема никаква врска со нејзината возраст или менталното здравје. Судот инсистирал на тоа дека одлуката е донесена поради индикаторите за ризик за малолетници и тешкотиите со кои нивната мајка се справува веќе некое време.
Маурициус верува дека судот донел погрешна одлука и дека на децата секогаш им е подобро со нивната мајка. Во овој момент, таа ги исцрпила сите законски опции.
За време на испрашувањето, таа рекла дека има уште една ќерка, која исто така ја добила преку вештачко оплодување. Девојчето сега има 11. години и живее во Канада. Во 2014. година, Маурициус била прогласена и за неспособна да се грижи за детето, па нејзината ќерка била одземена и пренесена во дом.
Таа може да поднесува жалба на секои две години, иако судот не предвидува поинаков исход во блиска иднина.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …