Театар Комедија на 5. и 6. март со претставата „На отворено“

На 5 и 6 Март (петок и сабота) на големата сцена во Театар Комедија ќе се изведува претставата „На отворено“ во режија на Андреј Цветановски.


Во претставата играат: Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Сергеј Димовски и Тони Денковски.
Поради актуелната состојба, билетите за оваа изведба ќе може да се резервираат само телефонски во билетарницата на Театар Комедија (тел:071 330233) и да се подигнат од билетарницата во периодот од 10 до 18:30 часот на денот на изведбата.
Почетокот на претставата е во 19. часот



Во театарот се обезбедени сите услови за безбедно следење на претставите. Поради специфичноста на протоколите, ве замолуваме да бидете навремени во подигнувањето на билетите и сместувањето во публика.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …