Новиот смартфон VIVAX Fly V1 е едноставно „Предобар“!

Хрватскиот бренд VIVAX го лансираше својот најнов телефон во Македонија

Хрватскиот бренд VIVAX отвора нови поглавја на пазарот. Денес во Македонија за прв пат може да се најде најновиот VIVAX Fly V1. Како компанија која полека и сигурно напредува со своите производи смартфонот на VIVAX го претставува новиот чекор кој се презема.
Дали е можно да се биде Предобар кога се зборува за мобилни телефони. Како може еден смартфон да е Предобар?
Одговорот на ова прашање го дава Петра Ковач, менаџерката за производство која е задолжена за развој на VIVAX мобилните, „Да, овој наш нов смартфон VIVAX Fly V1 е развиен со идејата „Предобар“. Со години во развојот на нови мобилни се водиме од идејата дека на нашите корисници треба да им дадеме смартфон кој ќе обедини што поголем број на напредни функции во комбинација со убав дизајн и цена прифатлива за што поголем број на корисници. Одличните резултати од минатогодишното лансирање на VIVAX Fly 4 ја потврди успешноста на овој концепт и затоа продолжуваме со развојот на нови уреди.“
Новиот VIVAX Fly V1ќе му се допадне на секој уште при првиот допир. Големиот 5,5“ екран со исклучително тенка рамка, позната како „infinity screen“, покрива голем дел од предната страна на самиот уред. Кристално чистиот HDS IPS 18:9 екран и батеријата од 3000 mAh се одлично вклопени во тенко и елегантно куќиште. Целокупниот впечаток се дополнува со задниот дел на уредот изработен од внимателно одбрани материјали обработени до висок сјај што му овозможува изглед сличен на огледало, таканаречениот „mirror look“, со што овој смартфон се одделува од повеќето уреди достапни на пазарот.
„Срцето на нашиот нов смартфон го исполнува Mediatek процесорот и најновиот Android 8.0 Oreo што е карактеристика со која можат да се пофалат само големите играчи во производство на ваква категорија на производи.“, велиФилип Трифуновски, бренд менаџер на VIVAX во Македонија,„VIVAX Fly V1 го опремивме со бројни корисни и тренди опции како Face ID функции за отклучување на уредот преку препознавање на лицето на сопственикот, читач на отпечатоци на прсти, Split Screen поделба на екранот на два дела за симултана работа на повеќе апликации, екран кој функционира и со ракавици. Телефонот се одликува и со две камери со блиц, задна од 13Mpx и предна со 8Mpx, системска и работна меморија од 3GB и 32GB, двоен SIM влез, Gorilla glass заштита и 4G пристап до мобилна мрежа.“
Најновиот телефон на VIVAX уште денес може да се најде во Хенди и Нептун, а повеќе за него може да се прочита на: http://predobar.com/mk.html
„Искрено веруваме дека оваа комбинација на премиум дизајн, напредни карактеристики и цената се добар доказ дека и еден смартфон може да биде Предобар.“,истакнуваФилип.
СмартфонотVIVAX Fly V1во своите три бои Moon Gray сива, Lumino Black црна и Liquid Gold златна, едноставно мами да се земе во рака.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …