Новата серија „Фамилијата Марковски”, инспирирана од вистинити приказни ќе почне да се прикажува од 23 септември

Новата серија „Фамилијата Марковски” чие дејствие е инспирирано од вистинити настани од секојдневието на македонските граѓани, од 23 септември (сабота) во 19.30 часот ќе почне да се прикажува на телевизијата „Канал 5″. Првата сезона има осум епизоди во кои се претставени приказните на Иван, Лиле, Јана, Виктор и Бојан Марковски кои се соочуваат со многу предизвици што ги носи животот во едно општество со константни политички и социјални турбуленции. Серијата ќе се емитува секоја сабота и недела од 19.30 часот, a по премиерното телевизиско прикажување, епизодите ќе бидат достапни да се гледаат и онлајн.

Режисер е Даријан Пејовски, а главните улоги ги толкуваат: Петар Петковски, Тамара Ристоска, Владимир Петровиќ, Александар Микиќ и Силвија Стојановска. Проектот „Фамилијата Марковски” е во продукција на АРТ ПРОЕКТ ЛАБ Скопје и е овозможен со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).


– Целта беше да се креира серија која ќе кореспондира со реалноста која ја живеат македонските граѓани. Во секоја епизода се прикажани различни проблеми со кои се соочуваат главните протагонисти, а кои воедно се и проблеми со кои се соочува самата држава. Станува збор за фамилијарна драма и иако се зборува за конкретна фамилија- Марковски, во приказните или во одредени сегменти од нив ќе се препознаат голем број на гледачи – истакнуваат од продукцијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …