НОВА ЕПИЗОДА ОД КРАЛСКАТА „САПУНИЦА“ – Тишината прекината: Принцовите Хари и Вилијам објавија заедничко соопштение

Се наведува дека Меган му рекла на Хари дека за неа престојот во кралското семејство „не функционира“...
Британските принцови Вилијам и Хари објавија заедничко соопштение во кое ги негираат наводите за „злоставување“, по известувањата на медиумите дека Хари се чувствувал малтретиран и дека поради тоа го напушта кралското семејство. Соопштението е објавено само неколку часа пред кризниот состанок со кралицата во Сандрингам,до 17. часот, кога тардиционално пијат чај пренесува Мирор.
И покрај јасното негирање, лажната приказна е објавена денеска во британските медиуми, а во неа се шпекулира за односот меѓу војводата од Сасекс и војводата од Кембриџ. За браќата кои толку длабоко се грижат за прашањата поврзани со менталното здравје, употребата на таква реторика е навредлива и штетна“, наведено е во соопштението на браќата.


Денеска исто така е објавено дека Хари и Меган имаат план за кризниот состанок. Тие планираат да комуницираат преку WhatsApp за време на состанокот, пренесува Мирор.
Се наведува дека Меган му рекла на Хари дека за неа престојот во кралското семејство „не функционира“, а на Хари му се „крши срцето“ што е ставен во позиција да мора да бира меѓу неа и својата баба, кралицата Елизабета Втора.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ТЕЈЛОР СВИФТ Е ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈБОГАТА МУЗИЧАРКА НА СВЕТОТ: Ја престигна Ријана и стана милијардерка по минатогодишната турнеја

Тејлор Свифт, според „Форбс“, се разликува од другите милијардери затоа што своето богатство не го …