„Невозможната Мисија” TYGA во Македонија, со фантастична реализација!!!

Конечно добивме одговор на најголемата мистерија во последните 6 месеци во Македонија, „Дали е можно во нашата држава за прв пат во историјата да дојде актуелна светска мегазвезда – одговорот е Да”.

This image has an empty alt attribute; its file name is tajga.jpeg
На огромна радост на армијата фанови од цел Балкан, Fusion Festival го оствари невозможното и на Стадионот на АРМ бевме сведоци на “Светско Чудо” со фантастичен перформанс на пионерот на современата Хип Хоп сцена – Tyga
TYGA – ” прв пат доаѓам во Македонија, фантастично гостопримство, фантастична публика, перфектна организација, ветувам дека повторно ќе се дружиме и лудуваме” .


This image has an empty alt attribute; its file name is tajga-5.jpeg
Најголем доказ за ова е фактот што менаџментот на TYGA дозволи комплетното шоу да се снима и во наредните денови очекувајте видео материјали од спектаклот!!!
Секако ова претставува огромен успех на Fusion Festival со кој може да се гордее цела Македонија.

Важно за напомена, светската продукција со Tyga со одлични перфоманси ја поделија нашите најдобри претставници на современата Хип Хоп сцена Irie Scrach, Dj Pancho aka Shorty P и Young Dadi, со луда завршница на нашиот најперспективен диџеј Ампов!!!


Fusion Festival изразува огромна Благодарност до сите фанови и град Скопје како поддржувач на настанот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …