ПОРТРЕТОТ на војводата и војвотката од Кембриџ е изложен во музејот Фицвилијам во Кембриџ, каде што двојката била во посета.
Сликата е дело на наградуваниот мајстор за портрети Џејми Корет, а е нарачана во 2021. година од страна на Кралскиот фонд за портрети во Кембриџшир. На портретот се гледаат Кејт и Вилијам како стојат еден до друг и гледаат надесно, со опуштени изрази на лицето. Принцот Вилијам носи црн костум со лесна кошула и тиркизна вратоврска, додека Кејт носи смарагден фустан The Vampire’s Wife, Manolo Blahnik чевли, со пар бисерни обетки.
View this post on Instagram
Кралската двојка се сретнала со Корет во четвртокот за да го открие портретот.
– Тоа е прилично голем портрет, и изгледа неверојатно!, изјавил принцот Вилијам.
И’ војводата и’ војвотката студирале историја на уметност на Универзитетот во Сент Ендрјус, иако Вилијам подоцна се префрлил на географија.
Корет работел на инкорпорирање на мотивот на Кембриџ во портретот со сликање на позадината со тонови и бои на многу историски градби кои се синоним за него. Тој рекол дека работата на портретот била „најнеобичната привилегија во животот и фактот што бил избран да ја наслика сликата“.
The first official joint portrait of Prince William and Kate goes on display in Cambridge today. Artist Jamie Coreth said he wanted to capture them as “relaxed and approachable” as well as “elegant and dignified.” His portrait below pic.twitter.com/Lk1PP4xLd3
— Victoria Murphy (@byQueenVic) June 23, 2022
– Сакав да го покажам нивното кралско височество на начин на кој тие се однесуваат опуштено и пристапно, како и елегантно и достоинствено. Бидејќи ова е првиот портрет што ги прикажува заедно, особено во време кога тие се војводата и војвотката од Кембриџ, сакав сликата да предизвика чувство на рамнотежа меѓу нивниот јавен и приватен живот – изјавил уметникот.
Граѓаните ќе можат да го видат портретот во музејот Фицвилијам во период од три години, по што уметничкото дело ќе биде изложени во други општествени простори и галерии низ Кембриџшир. Сликата ќе биде позајмена и на Националната галерија на портрети наскоро во 2023. година за да го одбележи повторното отворање на галеријата.
Инаку, откривањето на портретот се случува во моментот кога се шпекулира дека семејството планира да се пресели од Лондон во Беркшир. Според извештајот на Sunday Times, принцот Вилијам, Кејт и нивните три деца се подготвуваат да се населат во куќа на имотот на кралицата во Виндзор што ќе биде нивната примарна резиденција.
Семејството ќе ја задржи палатата Кенсингтон како свој дом во Лондон.
Фото: Принтскрин/Instagram