Немате време за кратка пауза во текот на денот? Овие 4 НАМИРНИЦИ се идеални за ОДРЖУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА!

Постојат намирници кои можат да ви ја зголемат енергијата уште подобро од кофеинот. Тие спаѓаат во групата јаглехидрати, а богати се и со влакна, па нашиот дигестивен тракт побавно ги вари, обезбедувајќи ни доволна количина на енергија во организмот.
Овие четири видови на намирници ќе ви помогнат да ја одржите енергијата во текот на денот.

Пуканки
Пуканките се ниски во калории, масти, шеќер и натриум. Тие се добар антиоксиданс и можат да ја задоволат потребата за енергија. Пуканките се намирница која ја сакаат повеќето луѓе, а се консумираат сами или во комбинација со јаткасти плодови.


Путер од кикирики
Ако ви недостасува енергија, путерот од кикирики е идеална намиреница за вас. Путерот од кикирики е добар извор на протеини и влакна. Не го менува нивото на шеќер во крвта и е совршен за слабеење. Консумирајте две лажици, два пати неделно и ќе ослабете.

Банани
Бананите се богати со калиум, па помагаат во одржување на потребната енергија за организмот. Доколку вашата исхрана го вклучува ова вкусно и здраво овошје, вашето мени сте го збогатиле со намирница која содржи многу хранливи материи неопходни за нормално функционирање на организмот. Покрај тоа што позитивно влијае на здравјето, бананите можат да послужат и како гориво за тренинзи или извор на енергија за извршување на секојдневните задачи.


Сладок компир
Сладок компир или батат се консумира насекаде низ светот. Богат е со влакна и витамини А и Ц, магнезиум и железо, но и калиум. Иако слаткиот компир (бататот) има сладок вкус, тој не содржи додаден шеќер.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Велики четврток – На овој ден се прави спомен на Тајната вечера и предавањето на страшните тајни

Велик четврток Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој …