НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ КАКО ЏУЛИЈА РОБЕРТС СЕ ОСЛОБОДУВА ОД СТРЕС: Оваа активност многумина ја заборавија, но актерката ја сака

Иако е голема ѕвезда, Џулија Робертс во слободното време да се опушти практикува нешто што многу дами го заборавиле
Една од најубавите и најпознатите актерки, Џулија Робертс, може да си дозволи одмор кога ќе посака, на најексклузивните локации, секој ден да оди во спа центар и на масажи, на најразлични третмани за убавина, но не е личност која само ќе се набљудува себеси во огледало и ќе се грижи за тоа како изгледа. За мир и релаксација ѝ е доволна една од најобичните активности.
Станува збор за рачна работа, поточно за шиење и плетење, што е се помалку присутно во животот на модерните жени.
– Имам една мала соба и во неа машина за шиење и се што ми треба за плетење, игли, крпа, конци, волница и материјали. Тоа е моето тивко место, моето катче каде одам кога сакам да се опуштам и да бидам малку сама – истакнала актерката.

This image has an empty alt attribute; its file name is pletenje.jpg


Јулија е мајка на три деца и кога биле мали немала многу време за своето хоби, бидејќи детските обврски и активности биле многубројни. Сепак, таа се обидела да украде неколку моменти за да биде креативна, наместо, на пример, да оди на маникир, што би го направиле многу други жени.
– Изгледот не ми е на прво место. Поважно ми е да бидам среќна, да го правам она што ме исполнува во тој момент – објаснила Робертс.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на студентите на Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес во Аудиокултура

Денес во Аудиокултура со почеток во 12:30 часот ќе може да го проследите концертот на …