Еден од најпопуларните турски глумци, Озџан Дениз (50) се оженил со модната дизајнерка Самар Дагдар. Тие деновиве се на меден месец во Дубаи, пренесуваат турските медиуми.
Се запознале на почетокот на 2021 година, а се венчале на крајот на јануари годинава. Самар е дизајнерка од Иран, и е 23 години помлада од турската ТВ-ѕвезда.
View this post on Instagram
Глумецот, познат по повеќе турски серии, важи за заводник со турбулентен живот. Во 2018 година тајно се ожени со Фејза Денис со која доби и дете. Тие се разведоа само една година подоцна, па имаа долга судска битка за старателството над нивниот син Кузеј.
View this post on Instagram
– Го гледам син ми четири пати месечно. Тоа не е доволно ниту за мене, ниту за мојот син. Сега 10 дена се немам слушнато со него. Денеска му е роденден, ниту можам да го видам, ниту да го чујам. Барам од судот – доделете ми апсолутно старателство над него. Ова ми го уништува животот, не можам веќе да го правам ова, изјавил Денис неодамна во Судот.
View this post on Instagram
На крајот, судијата ѝ доделил старателство на мајката, но бројот денови што таткото може да ги мине со својот син бил зголемен.
Фото: Принтскрин/Instagram