Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и краткотрајно засилен ветер особено попладне.
На места процесите ќе се поинтензивни и проследени со грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од четири до 10., а максималната од 14. до 20. степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, од пладне со повремен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до осум степени, а максималната ќе достигне 19. степени. Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови