„Паркирај го автомобилот, многу блескаш“: Возач на златно порше исклучен од сообраќајот!

Кога луксузот премногу ќе блеска тука е полицијата „да пресече“!Така е барем кога станува збор за германската полиција која морала од сообраќај да исклучи едно златно порше бидејќи, како што велат, премногу блескал.
Кога полицијата во Хамбург, Германија, минатата недела го запрела 31. годишниот возач на порше „Панамера“ чија шасија била излепена со златна рефлектирачка фолија, му било кажано дека таквиот автомобил е ризичен бидејќи би можел „да заслепи“ други возачи.
Му било наредено да ја отстрани фолијата и да го пререгистрира автомобилот, но тој, како што велат од полицијата, сепак продоллжил така да го вози.
Очигледно не сфатил дека полицијата била сериозна па во средата бил повторно запрен за да му се одземат клучевите и дозволата а скапоцениот автомобил бил одвлечен во гаража.
Му била напишана казна а отстранувањето на фолијата секако го чека доколку сака да продолжи да го вози својот миленик. Како што јавуваат локалните медиуми, истото му било наредено и на возач на ламборџини кој бил запрен со автомобил кој бил преслечен со рефлектирачка фолија.

Подготви:Г.О.
Фото:АП


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Осмо издание на Скопски вински салон – Винодонија 2024

Во препознатлива елегантна и опуштена атмосфера Винодонија 2024 ќе се одржи на 13-ти и 14-ти …