НЕ Е СЕ’ ТАКА ЦРНО – ОЗДРАВЕЛЕ ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНА: Во светот од корона вирус досега се опоравиле повеќе од 14. милиони луѓе!

Досега во светот од корона вирус се опоравиле повеќе од 14. милиони луѓе, што е повеќе од половина од заразените, од кои во моментот има нешто повеќе од 21. милион, според сајтот за набљудување на пандемијата, „Worldometers“.
Во моментов се потврдени 21.296.984 случаи на коронавирус ширум светот, 761.576 лица починале, а 14.075.982 се опоравени.
Најзагрозена земја во светот е Соединетите држави со 5.464.431 пациенти, 171.242 смртни случаи и 2.864.431 излечени.
На второ место е Бразил, каде што биле заразени 3.275.520 луѓе, од кои 106.523 починале, а 2.356.640 се опоравиле.
Индија е трета, со 2.525.222 случаи на коронавирус, 49.134 смртни случаи и 1.807.556 излечи.
Русија е најпогодената европска земја и четврта на светот со 912.823 заразени лица, 15.498 починати и 722,964 опоравени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …