Наоми Кембел главна ѕвезда на есенската кампања на H&M инспирирана од Париз

H&M е горд што има можност да ви ги открие чудата на Brasserie Hennes преку нов филм. Brasserie Hennes е фиктивна модна дестинација која го опфаќа стилот на уникатната париска Brasserie култура, и претставува совршеното место за да се доживее вистинската магија на Париз. Сите се поканети да седнат на отворено и да ја погледнат сензационалната стилска парада на улиците. Преку еволуција на универзумот на Hotel Hennes, Brasserie Hennes ветува нови авантури. Тука, модата е наменета за секого и сè може да се случи.

Наоми Кембел е во улога на парискиот моден инсајдер, а друштво во Brasserie Hennes ѝ прави љубопитниот турист, моделот Џил Кортлеве, која е тукушто пристигната во главниот град на модата. Со кафе во рацете, Кембел и Кортлеве гледаат како нивните млади колеги, креаторското дуо Young Emperors, моделот Џордан Берет, моделот Палома Елсесер и инфлуенсерките близначки Моли и Рис Блутстајн, поминуваат низ познатата француска калдрма покажувајќи го најдоброто што колекцијата H&M Есен-Зима има да го понуди. Режиран од Бардиа Зеинали, филмот зборува за сјајот на Париз, давајќи ни стилска инспирација на сите нас.


This image has an empty alt attribute; its file name is HM6.jpg

„Задоволство е да се работи заедно со H&M на овој филм инпсириран од град кој ми е толку близок до срцето. Одличната мода треба да биде за секого и неверојатно е да се види како оваа кампања го прославува токму овој слоган”, вели Наоми Кембел.


Колекцијата Есен-Зима е олицетворение на парискиот стил: класична, самоуверена и променлица. Основните градски стилови, како мини-здолништата, популарните стилски палта и чизми (од западен стил до високите чизми до колена) се неопходните парчиња кои ви се потребни. Топлите тонови на портокалова, црвена и бургундиска боја се хармонизираат со практичниот стил, а силниот карактер се истакнува во колекцијата со сјајни модни додатоци, макро чанти и гломазни, впечатливи парчиња плетена облека.

„Добредојдовте во Brasserie Hennes: фантастично и магично место, од каде што отсјајува нашата колекција Есен-Зима 2022. Многу сме возбудени што ги носиме чудата на Париз во H&M и едвај чекаме да ги споделиме со вас”, вели Ан-Софи Јохансон, креативен советник во H&M.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …