Најпргавите знаци во хороскопот: Кој ќе им се замери, го чека студена одмазда

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Дали ги познавате оние луѓе кои кога ќе се шегувате, нафрлуваат кисела насмевка, се лутат за најмалата ситница и потоа ви се одмаздуваат кога најмалку очекувате? Па, тие веројатно се еден од овие три знаци во хороскопот.

Овен
Овенот е огнен знак и има многу краток фитил. Ако нешто е речиси незабележлива ситница за повеќето, тој може да го доживее како напад на неговото его. А потоа спасувај се кој може. Нивните бурни реакции понекогаш се толку непромислени и неоправдани што ќе останете без текст. Ако се шегувате на негова сметка, а тој го сфати тоа како провокација, тој е способен брзо да реагира и демонстративно да ја напушти забавата, кафулето, станот, теренот… Друга опција е да ве вовлече во дискусија која може да трае со часови, се додека не си замине како победник. Исто така многу памти, посебно лошите работи, не го заборавајте тоа. Сепак, и покрај се, убаво е во животот да имате личност од овој знак.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …