Награди за македонските спортисти на Специјалната олимпијада во Берлин

Марио Мицковски освои бронзен медал на Специјалните олимписки игри што се одржуваат во Берлин. Мицковски го освои третото место во 100 метри пливање слободен стил.

 – Олимписка бронза за сто метри пливање слободен стил. Честитки за нашиот атлет Марио Мицковски и за тренерот Игор Димовски за постигнатиот успех.


Преку спортот демонстрираме како со поддршка, пријателство и дружење заедно сме непобедливи, соопшти денеска Специјалната олимпијада на Северна Македонија на својата фејсбук страна.

Претходно, на Специјалната олимпијада, Агрон Хајредини освои златен медал во дисциплината „скок во далечина“, а во категоријата 100 метри грбно сребрен медал освои Стефан Трпковски.


бак/Фото: Фејсбук страна на Специјална олимпијада Северна Македонија  .

Извор: МИА


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …