На денешен ден е родена актерката Дарја Ризова

Дарја Ризова е родена на 13 февруари 1987 година во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факулет за драмски уметности, Скопје, на отсекот за глумечка игра во класата на проф. Кирил Ристоски и доц. Зоја Бузалковска, во 2010 година. Од 2013 г. работи во Македонски народен театар во Скопје.

Ризова има остварено голем број на театарски улоги, а ги издвојуваме следните:


-Саша (Иванов, 2023), автор: А. П. Чехов, режисер: Зоја Бузалковска, продукција: РСМ НУ Македонски народен театар;
-Снимен глас (Бакхи: Агава, 2022), сопоред Еврипид и Тамара Барачков, режисер: Нина Николиќ, во продукција на Перипетија продукција – Скопје во копродукција со Македонскиот народен театар и Градски театар од Јанина, Р Грција;
-Петра (нивната ќерка), наставничка (Народен непријател, 2022), автор: Хенрик Ибзен, режисер: Нина Николиќ, финален продукт од комплексниот проект „Патиштата на хероите“, продукција: РСМ НУ Македонски народен театар;
-Маша (Нема да биде крај на светот, 2021), автор: Аднан Лугониќ, режисер: Нина Николиќ, во продукција на Перипетија продукција – Скопје во копродукција со Македонскиот народен театар и Сараевскиот ратни театар – САРТР;
-Дездемона (Отело, 2019), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Нина Николиќ, копродукциски проект помеѓу Перипетија продукција, Македонски народен театар и Босанско народно позориште Зеница;
-Ширли (Бесачи, 2019), автор: Мартин Мекдона, режисер: Јавор Грдев, продукција: Македонски народен театар;
-Нина Михајловна Заечна (Галеб, 2018), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Нина Николиќ, продукција: Македонски народен театар;
-Вера Александровна (Еден месец на село, 2018), автор: Иван Сергеевич Тургењев, режисер: Паоло Маџели, продукција: Македонски народен театар;
-Принцеза Џазмин (Авантурите на Аладин, 2017), адаптација, драматизација и режија: Бојан Трифуновски, продукција: Македонски народен театар;
-Маријана (Тартиф, 2016), автор: Жан Батист Молиер, режија: Галин Стоев, продукција: Македонски народен театар;
-Реја (Соларис, 2016), автор: Станислав Лем, драматизиција и режија: Андриј Жолдак, продукција: Македонски народен театар;
-Младата Ана Бергман (Разговори во четири очи, 2015), автор: Ингмар Бергман, адаптација: Тамара Барачков, режисер: Нина Николиќ, копродукција: Македонски народен театар и Скопје филм студио;
-Електра (Електра, 2014), автори: Есхил, Софокле, Еврипид и Жан Пол Сартр, режисер: Андриј Жолдак, продукција: Македонски народен театар и многу други.

Добитничка е на голем број на награди и призананија:


-„Најдобар млад уметник” за 2022 година доделена од Претседателот на Република Македонија.
-Награда за најдобра млада актерка за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ на ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ ТЕАТАРСКИ СРЕДБИ БРЧКО ДИСТРИКТ, Брчко, БиХ, 2022 г.
-Награда за највисоко актерско остварување за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ на 30. фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ – Струмица 2022 г.;
-Наградата за најдобра актерка на Фестивалот на актерот во Коњиц – БиХ, за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“, 2022 г.;
-Наградата за најдобра актерка на меѓународно ниво за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ во Р Турција, 2022 г.;
-Наградата за најдобра актерка во претставата „Нема да биде крај на светот“ на фестивалот „Живи Фест“ во Босна и Херцеговина, 2022 г.;
-Награда за најдобар млад актер „Рејџан Демирџиќ“ на Интернационалниот фестивал МЕСС, Сараево, за улогата Електра во претставата „Електра“, 2017 г.
-Награда за најдобра актерка, на фестивалот на античка драма „Стоби“, за улогата Електра во претставата „Електра“, 2015 г.;
-Награда за најдобра женска улога, на Фестивалот ФИАТ-Подгорица, за улогата на Електра во претставата „Електра“, 2015 г.;
-Награда за главна женска улога, на МТФ „Војдан Чернодрински“ за улогата на Електра во претставата „Електра“, 2015 г.;
-Награда за најдобра актерка на годината на „Златна Бубамара“ на популарноста, 2014 г.;
-Награда за најдобар млад актер, на МТФ „Војдан Чернодрински“ 2014 г., за улогата на Естел Бенвениста, во претставата „Вечната куќа“;
-Награда за најдобра женска улога ADRIANA AWARD на Интернационалниот фестивал SKENA UP- -Приштина, за улогата на Лора Вингфилд, во претставата „Стаклена менажерија“, 2008 г.

Среќен роденден Дарја, ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …