На денешен ден е роден познатиот италијански актер Роберто Бенињи

Роберто Бенињи е роден на денешен ден во 1952 година. Тој познат италијански филмски актер, сценарист и режисер.

Неговите први искуства како театарски актер се случуваат во 1971 година во Прато. Во текот на таа есен, тој се преселил во Рим каде што учествувал во некои експериментални театарски продукции, од кои некои ги режирал. Во 1975 година Бенињи го има својот прв театарски успех во „Cioni Mario di Gaspare fu Giuli“ напишан од Џузепе Бертолучи.


Бенињи стана познат во Италија во 1970-тите по телевизиската серија Онда Либера, на RAI2, продуцирана од Ренцо Арбор, во која го толкуваше сатиричниот дел „Химна на прочистеното тело“ (скатолошка песна за радостите на дефекацијата). За тоа време беше голем скандал, серијата беше забранета поради цензура. Неговиот прв филм беше „Берлигер, те сакам“ од 1977 година, исто така во режија на Бертолучи.

Неговата популарност се зголеми со неговото појавување во телевизиското шоу „L’altra domenica“ (1976/9), уште едно ТВ шоу на Арбор во кое Бенињи го толкуваше ликот на мрзлив филмски критичар кој никогаш не ги гледа филмовите што треба да ги коментира.


Во 1980 година ја запознал актерката од Чезена, Николета Браши, која подоцна станала негова сопруга и глумела во повеќето филмови што тој ги режирал. Првиот филм на Бенињи во кој се појавува како режисер бил „Ти ме возбудуваш“ од 1983 година. Овој филм е и негова прва соработка со Николета Браши. Почнувајќи од 1986 година, Бенињи глуми во три филма на американскиот режисер Џим Џармуш, и тоа „Под законот“ (1986), „Ноќ на земјата“ (1991) и „Кафе и цигари“ (2003).

Бенињи е можеби најпознат надвор од Италија по трагикомедијата „Животот е убав“ од 1997 година. Во 1998 година, филмот беше номиниран за седум Оскари. На церемонијата во 1999 година, филмот освои Оскар за најдобар странски филм, за најдобра оригинална музика (партитурата на Никола Пиовани), а Бенињи ја освои наградата Оскар за најдобар актер.


 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …