Четврто издание на „Добри гости“ – серија книжевни гостувања во Струмица

Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје на 27 октомври во Europe House во  Струмица ќе го реализира четвртото издание на проектот „Добри гости“ преку кој иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори, а во соработка со локални чинители.

На четвртото издание на „Добри гости“ во Струмица ќе читаат Виолета Танчева-Златева, Лилјана Пандева, Андреј Медиќ Лазаревски, Марија Велинова, Ивана Јовановска, Викторија Ангеловска, Сузана Мицева, Ана Витанова Рингачева, Вања Изова Велева, Далибор Плечиќ, Киро Донев, Митко Гогов, Наташа Василевска-Трајчевска, Катерина Панов Кожаров, Ацо Гогов, Никола Сарајлија, Ице Беличев и Елизабета Дончевска-Лушин, а настанот ќе го модерираат Јулијана Величковска и Андреј Медиќ Лазаревски.


„Добри гости“ се состои од читање поезија и проза, емитување поетски и други краткометражни филмови поврзани со литературата, разговори со автори, со издавачи, разни трибини, книжевни промоции, работилници и слично. Овие гостувања се планира да се одржат во повеќе градови, по што иницијативата ќе заврши кон крајот на 2024 година со маратонско книжевно читање во Скопје, на кое, доколку се во можност, би учествувале сите вклучени автори.

Настанот почнува во 19:00 часот.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Скопје Куп 2024 – изложба на макети, диорами и минијатури

Во организација на макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски Микс“ од Скопје, од 1-ви до 3-ти …