МВР се огласи: Зошто го убил и кој е убиецот на Мартин Јанушев


Едно лице е убиецот на Мартин Јанушев, соопшти денеска МВР.

Според МВР, убиството нема друга заднина, освен меѓусебно недоразбирање. Има напредок во истрагата, а по убиецот се трага. Досега се сослушани 35 сведоци, земени се снимки од околните камери и изјави од сведоци.


– Се работи за едно лице кое го извршило убиството. Разговарано е и направени се анализи со „Омерта агенцијата“, за да видиме дали е можно да има поврзување со настанот. Имаме релевантни информации и кога ќе се обезбедат сите докази, случајот ќе се се расчисти – рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Јанушев беше убиен во петокот пред кафулето „Ред“ во населбата Аеродром.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ОТКРИЕНА ТАЈНАТА КАКО СЛАВНИТЕ СИМНУВААТ КИЛОГРАМИ КАКО НА ШЕГА: Сите најголеми ѕвезди користат ОЗЕМПИК но никој не знае дали е опасен?

Оземпик е лек против дијабетес кој стана сојузник број 1 на Холивуд за слабеење. Решивме …