Мрачните тајни на Бил Гејтс

Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“ и еден од најпознатите светски филантропи, беше во центарот на вниманието на јавноста повеќе од седум дена, откако објави дека се разведува од сопругата Мелинда после 27. години брак.
„Откако работевме напорно на нашата врска, донесовме одлука да го прекинеме нашиот брак. Во последните 27. години одгледавме две големи деца и создадовме фондација што се стреми низ целиот свет да им обезбеди на луѓето здрав и успешен живот. Ние продолжуваме да веруваме во нашата мисија и ќе работиме заедно во фондацијата, но повеќе не веруваме во заеднички живот. Во оваа фаза од животот, како пар не можеме да продолжиме. Ве молиме почитувајте ја приватноста на нас и на нашето семејство“, напиша тој на Твитер, и оттогаш па се до денес во медиумите се појавија неколку интересни факти од неговиот живот кои тој нема да биде среќен да ги знае целиот свет.


Наводно, Бил Гејтс правел забави со стриптизети во време кога тој не бил оженет, тврди неговиот биограф Џејмс Валас кој се прашува дали милијардерот ќе се врати на организирање стари забави, сега кога неговиот брак е завршен. Во интервју за DailyMail, 74-годишниот новинар Валас рекол дека Гејтс не бил ниту повлечен ниту тивок човек во помладите денови.
„Тогаш тој и неговите пријатели често организирале доста диви забави, кофа би оделе во Сиетл да ги земат стриптизетите и да ги однесат во домот на Бил.Тогаш тој навистина се забавувал“, изјавил Валас.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Гејтс честопати посетувал еден од „голите“ ноќни клубови во Сиетл каде што ангажирал танчери и стриптизети да доаѓаат во неговиот дом и да пливаат голи со пријателите во неговиот затворен базен.
„Неговоро женкарење беше добро позната, иако никој не пишуваше за тоа, бидејќи Гејтс и Мајкрософт беа толку успешни што весници како Њујорк Тајмс пишуваа за нив. Никој не сакаше да се занимава со неговиот приватен живот“, рекол тој.
Долгогодишниот пријател на Гејтс и поранешен извршен директор на Мајкрософт, Верн Рабурн, ги потврдил овие тврдења и открил во интервју за DailyMail дека голите забави на Гејтс траеле за време на неговата врска со Мелинда. Рабурн признал дека Гејтс сакал да се забавува со стриптизети и дека не бил верен, сега на скоро неговата поранешна сопруга, кога тие штотуку започнале да излегуваат.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …