Момче на концерт, на „Амадеус“, во Кочани си пресекло вени !? Српски „Ало“ со лажна вест рекламира бенд!

Во дискотека во Кочани минатиот викенд настапувала српската поп-рок група „Амадеус бенд“. За време на настапот, според кажувања на присутните во клубот, но и членовите од бендот, момче понесено од песните пред сите си ги пресекло вените.
Неколкупати момчето доаѓало кај бендот да бара да му ја отсвират песната „Моја земља“. Кога од бендот почнале да ја свират песната, фанот извадил нож и почнел да ги сече вените на рацете.
„Точно така. Неколкупати ми пријде едно момче за време на настапот и бараше повторно да ја отсвириме ‘Моја земја’. Кога го направивме тоа, наеднаш извлече нож и си ги пресече вените. Бевме шокирани. Келнерот кој беше покрај него брзо го изнесе надвор, а брзата помош веднаш го однесе во болница. За среќа, го спасија и се’ заврши добро“, изјавил Александар Стамировиќ за српските медиуми. Шокирани членовите на „Амадеус бенд“ не можеле да поверуваат дека вакво нешто им се случува.
Вознемирен, Стамировиќ рекол: „ Би ја искористил можноста да им укажам на сите кои не почитуваат дека ова не е начин да се сака музиката и дека е апсолутно непоимливо да се повредуваат себеси. Музиката е тука да го направи животот поубав“.

Сопственикот на кочанскиот локал „Але-Дар“ во изјава за Курир.мк ја демантира веста објавена на дел од српските портали, според која момче си ги пресекло вените при настапот на „Амадеус бенд“ во Кочани минатиот викенд.
„Јас сум сопственик на локалот Але-Дар во Кочани во кој „Амадеус Бенд“ имаа настап во саботата на кој бев присутен во текот на целата вечер и немаше никакво сечење вени со нож во локалот, а најмалку не пред музиката, вели сопственикот на локалот.
Тој додал дека сите пристутни што биле таму се чудат на изјавата од „Амадеус Бенд“ што е објавена на српски портал, дека детето си ги пресекло вените со нож пред нив.
„Немаше такво нешто, туку напротив цела вечер помина во многу убава и разиграна атмосфера и без никакви проблеми. Инаку презадоволен сум од настапот на Амадеус Бенд, дечките се супер и не верувам дека тие би дале ваква некоја изјава што воопшто не е вистина“, вели сопственикот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …