Момче (9) завршува средно училиште и се запишува на факултет, сака да стане астрофизичар

ИАКО има само 9 години, Дејвид Балогун од Пенсилванија наскоро ќе дипломира и ќе се запише на факултет.
„Завршив осмо одделение за два и пол месеци, а потоа почнав средно училиште“, изјавил Дејвид за WHTM. Тој истакнува дека посетувањето на училиште на далечина му овозможило побрзо да напредува.

„Кога слушна за програмата STEM на седум години, скокна од радост. Му се допадна од првиот момент”, открила мајката на Дејвид, Роња Балогун.
Дејвид моментално ги истражува можностите за студирање, а најинтересни му се Универзитетот во Пенсилванија, Принстон и Харвард. Сепак, живеењето во кампусот не е опција за 9-годишно дете.


„Тоа е нешто за што мора сериозно да размислиме“, објаснил таткото на Дејвид, Хенри Балогун.
Дејвид вели дека по факултетот би сакал да стане астрофизичар и да ги проучува црните дупки и суперновите.

Фото: Принтскрин/YouTube/FOX 11 Los Angeles


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …