(ФОТО) Костумот на српскиот амбасадор стана хит: „Пред и по центрифугата на 1200 вртежи“

АМБАСАДОРОТ на Србија во Полска, Небојша Кошутиќ, во Вилнус, каде што нема српска амбасада, му ги предаде акредитивните писма на претседателот на Литванија, Гитанас Науседа. И веројатно ќе беше една од поздодевните вести оваа недела доколку оваа фотографија не беше направена за време на примопредавањето на тоа писмо:


Амбасадорот Кошутиќ изгледа го надраснал својот костум, но тоа не го спречил оптимистички да го закопча пред фотографирањето и да стане вирален хит. „Првото копче на Србија“, „Српската дипломатија на сликата“, „Пред и по центрифугата на 1200 вртежи“, се само дел од коментарите, а амбасадорот стана предмет на бројни мемиња.

За да се обиде да ја ублажи штетата предизвикана од „аферата со копчиња“, амбасадата потоа го отсече долниот дел од фотографијата на официјалната веб-страница за да не може да се види оделото, но веќе беше доцна за Интернет.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …