Моќниот Реквием на Верди на сцената на Филхармонијата!

На 25 април, овој четврток, во 20 часот, Филхармонијата заедно со Хорот на Операта и врвните солисти –Весна Ѓиновска-Илкова (сопран), Елени Матос (мецосопран-САД), Дејвид Јунгхон Ким (тенорКореја) и Милан Силјанов (бас-баритон), под диригентство на маестро Емил Табаков(Бугарија), ќе го изведат едно од најмоќните дела во историјата на музиката – Реквием од Џузепе Верди!

Концертот „Вердиевиот реквием“ ќе донесе музичка возбуда, а ремек-делото на Верди на нашата сцена ќе биде изведено по подолга пауза. 


„Реквием“ на италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди се смета за едно од најмоќните, најдраматичните дела во историјата на класичната музика. Оваа творба претставува прекрасна фузија од опера, драма, симфонија, од возбудливи, виртуозни соло мигови, од радост и среќа, до патос и тага, од едноставни „реченици“ кои ја растеретуваат мислата, до длабока филозофска идеја за чија суштина вреди да се размислува. Делото е посветено на двајца славни италијански уметници – писателот Алесандро Манцони и композиторот Џоакино Росини.


„Само гениј би можел да напише вакво дело!“, изјавилкомпозиторот Јоханес Брамс, а критиката ќе напише декаРеквиемот на Верди е дело со „најсконцентрирани“ емоции – сите човекови чувства ставени на толку малку страници. Музиката е директна и моќна, вознемирувачка, величествена…

Џ. Верди: Реквием
(солисти: Весна Ѓиновска-Илкова – сопран, Елени Матос – мецосопран, Дејвид Јунгхон Ким – тенор, Милан Силјанов – бас-баритон)

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На 11 мај ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од …