Мини пица мафини

Ако на овие солени мафини ќе им додадете ајвар и кисело млеко ќе имате вистински празничен појадок
Состојки:
115 г брашно
3/4 лажичка прашок за печиво
180 мл млеко
1 јајце
150 г мешавина од сирења (моцарела, пармезан, гауда, бел чедар, каков имате)
120 г салама или шунка, исечена на коцкички
2 лажици магдонос
Подготовка: Во сад ставете брашно, јајце, мешавина од сирење, исечкана шунка или салама, прашок за пециво, бибер, млеко и магдонос. Промешајте сè добро.
Калапот за мафини посипете го со спреј за печење, или измачкајте со масло, а потоа истурете го тестото со лажица. Не ги исполнувајте калапите до врвот, туку до 2/3.
Печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови 15 до 20 минути.
Испечените мафини за пица извадете ги од рерна, оставете ги во калапот околу пет минути да се оладат. Послужете ги топли, или ладни, со ајвар и кисело млеко.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …