Крем десерт со банани


Состојки:
Кора:
6 јајца
100 г шеќер
3 лажица вода
50 г брашно
15 какао во прав
1/2 кесичка прашок за печиво
Фил:
300 мл млеко
35 г брашно
50 г шеќер
100 г чоколадо за готвење
200 г путер
За декорација:
4 банани
2 шплага
250 мл млеко
Подготовка:кора: матете ги јајцата и шеќерот додека не станат пенести, додадете вода, брашно измешано со прашок за пециво и какао, а потоа се’ нежно измешајте.
Истурете ја смесата во намастена и набрашнета тава (21 × 35) и печете ја во рерна загреана на 180 степени, околу 30 минути.
Измешајте го брашното и шеќерот со малку млеко и варете во остатокот од зовриеното млеко во кое веќе сте го стопиле чоколадото.
Варете неколку минути, мешајќи, а потоа изладете ја густата смеса, мешајќи повремено, или покријте со прозирна фолија да не се фати коричка.
Во ладниот фил додадете го изматениот путер и добро измешајте.
Ставете го филот на изладената кора, наредете ги бананите исечени на кругови и премачкајте со шлаг подготвен според упатството на кесата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Искористете ги јајцата што останале од Велигден, додадете грашок и направете ја најдобрата салата

Најдобрата салата можете да ја направите од јајцата кои ви останале од Велигден, со додавање …