Меган Маркл родила син

Меган Маркл, војвотката од Сасекс денес родила син.
Војвотката Меган маркл (37) во 5.26 часот на 6 мај, родила момче, потврдило кралското семејство на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм. Детето било тешко 3.200 грама.


Новинарите пред Бакингамската палата чекаат пишана информација за раѓањето на синот на принцот Хари и војвотката Меган Маркл.
Принцот Хари на новинарите им се обратил во близина на резиденцијата Фригмор Котиџ и со тоа дал да се наслути дека Меган родила дома. Принцезата Дијана и Кејт Мидлтон родиле во приватно крило на болницата Сент. Мери во Лондон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …