Медиумите тврдат: ЕК нема да го продолжи договорот со АстраЗенека

Европската комисија (ЕК) донела одлука да не го продолжи договорот за вакцини ковид-19 со компаниите АстраЗенека и Џонсон и Џонсон следната година, пишува „La Stampa“, повикувајќи се на извор од италијанското Министерство за здравство, пренесува Ројтерс.
„ЕК, во договор со лидерите на многу земји (ЕУ), одлучи договорите со компании кои произведуваат (векторски) вакцини кои важат за тековната година да не бидат обновени по истекот на рокот“, ги пренесува Ројтер наводите на Италијанскиот дневен весник.
Се додава дека Брисел повеќе би сакал да се фокусира на вакцините што користат технологија на МРН, како што се Фајзер и Модерна.
Исто така, се вели дека ЕК бара разјаснување од Џонсон и Џонсон во врска со „целосно неочекуваната“ најава за доцнење во испораката на вакцини против ковид-19 до Унијата, изјавил за Ројтерс во вторникот официјален претставник на ЕУ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Репертоар за Мај во Театар Комедија

Мај е еден од најубавите месеци во годината кога пролетта е во целиот свој сјај. …