Мартин Вучиќ е нов директор на Ансамблот „Танец“: Дали ќе ја продолжи семејната традиција?

Магистерот по музичка уметност, Мартин Вучиќ, кој во моментов е перкусионист во Македонската филхармонија, ќе биде новиот директор на националниот Ансамбл за песни и игри „Танец“, јавува порталот 7дена.мк.
Наводно, потписот врз неговата кандидатура е веќе ставен и најверојатно во понеделник и официјално ќе му биде прв работен ден.
„Очигледно сите официјално знаат само јас не. Се додека тоа од Министерство за култура официјално не ми биде соопштено, за мене ќе биде вид на шпекулација. Да јас, како и многу други сум пријавен на конкурсот за нов директор, и сите веројатно го очекуваме официјалниот одговор од Министерство“, вели Мартин.

Интересно е што двајцата дедовци на Мартин своевремени биле дел од овој Ансамбл. Пеце Атанасовски е еден од доајените на „Танец“, кој бил кореограф и играорец и Милорад Вучиќ, кој 15. години бил шеф на оркестарот на „Танец“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …