Мапа: Каде живеат „најнадарените“ мажи

Најголемата просечна големина на пенисот на оваа мапа е во западноафриканските земји.
Иако сè уште често слушаме дека „големината не е важна“, денес сè уште има многу полемики на оваа тема.
Според повеќето истражувања, просекот е околу 9,1 см кај спуштен, или 13,1 см кај пенисот во ерекција, а 9,4 см е просечниот волумен, измерен во средината на машкиот полов орган.
Сепак, студија на лондонската меѓународна клиника за андрологија за сексуално здравје на мажите даде малку поинакви резултати, велејќи дека просечната должина на пенисот во ерекција е 16,1 см, иако причината може да биде „фалење“, бидејќи клиниката побарала илјада машки испитаници. да запишат колку им е долг пенисот во сантиметри.
И, за сите оние кои можеби се прашуваа како стојат мажите со должината во другите делови на светот, сајтот Target Map неодамна објави мапа на светот што ја покажува просечната големина на пенисот во сите земји. Земјите со најголем просек се во црвена боја, по што следуваат портокалова, жолта, светло зелена и на крај – зелена со најмал полов орган.


Најголемите пениси според оваа мапа се наоѓаат во земјите од Западна Африка и имаат над 16 см, додека мажите од Азија имаат најмали во просек. Индија, Тајланд и Јужна Кореја се на дното, со просечни големини од 9,3 до 10,5 см должина.
Австралија е во групата на други по големина со просечен пенис поголем од 14,7 сантиметри – како и Мексико, Норвешка, Италија и Шведска.


Извор: Targetmap

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …