Малата балерина,Антонија Атанасова, од Скопје ја освои Германија

Деветгодишната балерината Антонија Атанасова освои златен медал на Светскиот натпревар по балет, кој се одржуваше во Келн, Германија. Ова е уште еден медал за малата Атнонија која веќе има освоено 41. медал и преку 30. први места.
И’ покрај големата конкуренција, во Келн, Антонија, успеа со кореографијата „Другарките на Есмералда“, заедно со нејзините другарки, да го освои првото место.
„Долго се подготвував за ова. Секој ден одев на часовите на балет и од срце ја посакував оваа медала“, ни рече Антонија.
Антонија е ученичка во „Јан Амос Коменски“ во Скопје. На часови по балет оди од петгодишна возраст во балетското студио „Арт балет“ кај педагогот Тамара Ѓурчиновска.
Балетот го засакала пред четири години играјќи пред огледалото дома. По ова, нејзината мајка ја запишала на балет, а кратко потоа веќе почнала да се натпреварува.
На светските натпревари таа настапува соло, во дуо, формација. Вели дека иако има малку трема, сепак, брзо ја надминува и сака најубаво да одигра.
извор:репортер

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На 11 мај ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од …