Македонски Телеком го најави партнерството со Ракометната федерација на Македонија

-Ракометарите ќе играат на Европското првенство со подршка на новиот спонзор Македонски Телеком
-Телеком ќе носи 50 среќни добитници да ги бодрат нашите ракометари во Загреб на натпреварот помеѓу Македонија и Црна Гора на 15 јануари
-Ексклузивно за време на првенството, корисниците добиваат бонус од 3000 денари за купување на смартфон во новиот Smart M и новата Magenta 1 M

Пред самиот почеток на Европското првенство во Хрватска, Македонски Телеком го најави партнерствотосо Ракометната федерација на Македонија.
Ракометарите во Загреб ќе се борат за победа со подршка на новиот спонзор, Македонски Телеком.
Партнерството беше официјализирано на прес конференцијана која присустваа Главниот извршен директор на Македонски Телеком, г-дин Андреас Елснер, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, г-дин Живко Мукаетов и селекторот на Ракометната федерација, г-дин Раул Гонзалес.
„Договорот за партнерство меѓу овие два успешни тима дојде многу природно – Македонски Телеком ја има најдобрата и најсигурна мрежа во земјава, додека ракометот е најуспешниот спорт во Македонија, во континуитет, години наназад. Нашата цел е да овозможиме што подобри услови за врвни спортски резултати, а согласно амбициите и плановите на нашата репрезентација, верувам дека ќе имаат успешна игра на Европското првенство и им посакувам многу понатамошни победи“ изјави Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.
За фановите кои сакаат да ги бодрат нашите ракометари, Телеком ќе носи 50 среќни добитници во Загреб на натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора на 15. јануари (повеќе информации на www.telekombus.com).
Дополнително, сите корисници, кои во периодот на првенството ќе ги изберат новиот Smart M и новата Magenta 1 M, добиваат 3.000 денари бонус за купување на нов смартфон.
Македонија на Европското првенство во Хрватска ќе игра во група со Германија, Словенија и Црна Гора. Плановите се пласман во главната фаза и продолжување меѓу најдобрите 12. репрезентации.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …