Откако оваа блогерка на Инстаграм го покажала својот дечко била на мета на многу непријатни коментари.
Мелиса Гибсон од Кентаки станала позната преку ноќ. Таа е инаку плус сајз блогерка, а поради тоа што нејзиниот дечко нема проблеми со килограмите никој не и верува дека се навистина заедно.
„Она кога во светликав фустан ќе застанеш покрај човекот кој го сакаш, а ќе добиеш грди коментари на сметка на своето тело, килограмите, прашања за тоа дали врската е вистинска и преиспитувања дали навистина те сака. Но, ние ќе продолжиме да се бориме за нашиот простор, за правото да не видат и прифатат без прашања. Смешно е и да се помисли дека на некој начин јас него не го заслужувам и дека нашата љубов не е вистинска. Ние сме точно тоа што сакаме, и нашите тела се дел од тоа. Не станува збор за некоја абнормалност или фетиш“ порачува блогерката.