Македонската актерка Дарја Ризова – најдобра меѓународна актерка во Турција

Со затворањето на театарската сезона 2021-2022 година, жирито на Јени Тијатро Дергиси (Yeni Tiyatro Dergisi), во селекција на повеќе од 200 театарски претстави, го објави првиот дел од Меѓународните награди за достигнувања на најдобри актери, продукции и претстави во Истанбул.

This image has an empty alt attribute; its file name is darja-rizova-nagrada.jpg
Жирито, кое внимателно ги следи сите светски театарски трендови и вклучува значајни имиња и ветерани со големо мајсторство во својата област, едногласно ја додели наградата на нашата актерка Дарја Ризова за најдобра актерка на меѓународно ниво за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот”, копродукција на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција и Сараевскиот ратни театар – САРТР.


This image has an empty alt attribute; its file name is darja-rizova-1.jpg

Ова за актерката е втора награда за најдобра актерка за истоимената улога/претстава, а на 13 јуни во културниот центар „Кадебостан” во Кадикој – Р Турција, и официјално ќе биде доделена статуетката на овој реномиран, светски театарски настан. Воедно ги најавуваме и изведбите на претставата „Нема да биде крај на светот” кои се закажани за 30 и 31 мај на малата сцена во МНТ, со почеток во 20:00 часот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …