Енди Флечер, клавијатурист на бендот Depeche Mode, почина на 60-годишна возраст.
Веста дека славниот музичар починал синоќа ја пренесува Mirror, станува збор за еден од основачите на познатата музичка група.
Бендот Depeche Mode објавија дека нивниот клавијатурист Енди Флечер починал.
„Шокирани сме и исполнети со тага поради прераната смрт на нашиот драг пријател, член на семејството и колега од бендот на Енди „Fletch’ Fletcher“, се вели во соопштението.
„Флеч имаше златно срце и секогаш беше тука кога ви требаше поддршка, разговор, смеа или ладна кригла. Нашите срца се со неговото семејство и ве молиме да ја почитувате нивната приватност во ова тешко време“, додаваат тие. Засега не е позната причината за смртта на 60-годишниот музичар.
Флечер беше еден од основачите на бендот, а во 2020 година беше примен во Rock and Roll Hall of Fame (Куќата на славните на рокенролот).