Кратка среќа: Памела Андерсон се разведе после нецели две недели брак!

Памела Андерсон се омажи за продуцентот со кого беше во врска пред 30. години, но бракот траеше само 12 дена.
Познатата „зајачица“ рекла дека љубовта е „процес“ и дека таа и нејзиниот партнер сепак решиле да ја одложат формализацијата за добивање на свадбен сертификат. Двојката се венчала во општина, но според американскиот закон, бракот е неважечки додека официјално не се издаде венчален лист и бракот не биде заведен, за што се потребни неколку недели.


Памела била во брак четири пати, како и Питерс, а ова е нејзиниот најкраток брак досега.
„Со децении можам да бирам жена што ја сакам. Светот е полн со убави девојки. Но, веќе 35. години ја сакам само неа“, рече тој во една прилика.


Памела и Џон се забавувале пред повеќе од 30. години, и повторно започнале со романса кон крајот на минатата година.


Питерс , пред да донесе одлука да инвестира во филмската индустрија беше фризер, а успешен продуцент е од 1970-ттите.Џон Питерс бил познат и по бројните скандали.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …