Короната по трет пат го одложи филмот за Џејмс Бонд

Ново продолжение на филмот за британскиот агент Џејмс Бонд е одложено по трет пат поради пандемијата на коронавирусот.
Филмот наречен „Нема време за умирање“ претходно беше одложуван двапати, а сега новиот датум е закажан за 8. октомври. Да потсетиме, филмот првично требаше да има премиера во април 2020. година.


Тој е 25-ти филм за Бонд, а овој пат агентот го игра Даниел Крег. Ова е воедно и негово последно појавување во франшизата.
Заедно со Крег, во актерската екипа, меѓу другите, се и Леа Седу и Рами Малек.
Новото одложување беше предизвикано од одлуката за затворање на кината поради заклучувањето во светот.
Покрај овој филм, одложени се и премиерите на други филмови како „Задгробен живот“, „Питер зајак 2“, „Неизвесен“, „Пепелашка“, „Биос“ и други.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …