Осуммина затвореници осудени на смрт, починале од коронавирус во најстариот затвор во Калифорнија, Сан Квентин. Во тој затвор биле заразени дури две третини од затворениците.
Beон Бемс (67) починал овој вторник. За него се верува дека е осмиот затвореник осуден на смрт, кој починал од коронавирус – со обдуквија допрва треба да се утврди точната причина за смртта.
Во затворот вкупно 14 смртни случаи се поврзани со корона
Други затвореници осудени на смртна казна од тој затвор се Ричард Е. Стинти (71), Скот Ерскин (57), Мануел Алварез (59), Дејвин Кери (59), Џефри Ј. Хакинс (64), Дејвид Рид (60) и Троја А. Ашмус (58), пишува Daily Mail.
717 луѓе чекаат на смртна казна во овој затвор. Досега се пријавени 14 смртни случаи поврзани со коронавирус во затворот, а во моментот се заразени 860 затвореници. Околу 1.200 затвореници се опоравиле.