30.07. Антчки театар Охрид

Концерт на годината – Некст Тајм и Лозано во Антички!

Со огромно задоволство сакаме да Ве информираме дека за прв пат во Македонија на 30ти јули во Античкиот театар во Охрид заеднички концерт ќе оддржат моментално најактуелните македонски звезди, групата Некст Тајм и Лозано.

Влезниците за овој спектакл веќе се во продажба преку продажната мрежа на Купикартизасе како и онлајн на следниот линк https://www.kupikartizase.com/Events/next_time_2022


Некст Тајм – “Овој настан за нас е од огромно значење пред се поради тоа што првиот наш фестивал во 2008 како Некст Тајм, беше токму овде на Антички и ја освоивме публиката која исто така и ден денес е со нас. Заедно со Лозано се појавивме на тој фестивал и некако се зближивме од тогаш. После толку години градејки ги нашите музички кариери ете стигнавме да одржиме за прв пат заеднички концерт.

Се надеваме дека публиката ќе ужива во песните од нашиот најнов албум, но сигурно ќе има и изненадувањаJ Очекуваме публиката да дојде во голем број и заедно да уживаме во една незаборавна вечер исполнета со нашата заедничка уметност.”


Лозано – “Антички театар е историски простор каде што секој изведувач од Македонија би сакал да настапува, како еден од најреномираните локалитети за правење концерти воопшто кај нас. Отворената сцена, но и самата историја која што ја крие “антички” дава на тежина и големо значење на секој евент кој што се организира таму.

Со големо исчекување го очекуваме концертот и ветуваме заеднички дека ќе направиме одлична музичка претстава на сите присутни. Ги покануваме сите во Охрид и уште еднаш “ова лето ќе се памти” по уште еден одличен концерт заедно со моите пријатели од Некст Тајм.”


Бидете дел од најуникатниот настан ова лето во Македонија!!!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …