Концерт на ансамблот „Bopheads”

На големата сцена во НУЦК “Ацо Шопов” во Штип, вечерва со почеток во 21:00 часот ќе може да уживате во концертот на  ансамблот „Bopheads”.

На концертот на ансамблот “Bopheads” ќе бидат изведени авторски композиции од членовите на ансамблот, дел од веќе издадениот албум “Bophead at the Philharmonics” за ZJM Records, како и композиции кои ќе се најдат на следното издание.


Bopheads е навистина All stars ансамбл составен од највлијателните и најприсутните џез музичари на македонската џез сцена, исто така добро познати и на меѓународната, во состав:

– Трајче Велков – труба
– Кирил Кузманов – алт саксофон
– Иван Иванов – тенор саксофон
– Гордан Спасовски – пијано
– Кирил Туфекчиевски – контрабас
– Виктор Филиповски – тапани


Влезот е бесплатен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …