Вечерва во Салон 19:19, во Културно Информативниот Центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе може да проследите проекција на аматерски краткометражни филмови насловена како “Ретроспектива на аматерски кракометражни филмови” на македонските филмски режисери Кирил Максимоски, Марјан Гавриловски, Марјан Михајловски и Александар Лахтов.
На програмата ќе се прикажат следните филмови:
- 60 секунди човечност
-режија: Кирил Максимоски, 2003 година - Сам
-режија: Кирил Максимоски, 2006 година - Мошне едноставна приказна
-режија: Кирил Максимоски, 2009 година - Над Скопје
-режија: Кирил Максимоски, 2010 година - .Престрашени
-режија:Марјан Михајловски, 2012 година - Мрачни времиња
-режија:Александар Лахтов, 2014 година и - Кота 404
-режија:Марјан Гавриловски, 2015 година