Сите јаткасти плодови имаат диететски придобивки како што се влакна, растителни протеини и здрави масти, но дали еден вид е супериорен во исхраната?
Јаткастите плодови се генерално побогат извор на маснотии од многу други намирници и лесно можете да ги додадете во вашата секојдневна група на храна. Ако прашањето е кое јаткасто овошје е најдобро, ги споредивме бадемите, оревите и ф’стаците.
Бадеми
Бадемите имаат најмногу влакна и содржат најмногу витамин Е, магнезиум и калциум по порција. Ќе добиете и здрава доза на фосфор и калиум, кои помагаат во производството на енергија и функцијата на имунолошкиот систем, пишува Everyday Health. Покрај тоа, бадемите содржат антиоксиданси.
Ореви
На прв поглед, оревите имаат помалку протеини и влакна и повеќе калории од другите две сорти, но она што ги истакнува е масната киселина. Оревите се еден од најдобрите растителни извори на омега-3 масни киселини, хранлива материја поврзана со здравјето на срцето и мозокот. Редовното консумирање на ореви може позитивно да влијае на намалување на стресот, подобрување на расположението и зголемување на разновидноста на цревниот микробиом. Како бонус, оревите имаат најмалку јаглехидрати од трите јаткасти плодови со само 2 г нето јаглехидрати по порција.
Ф’стаци
Ако сакате да уживате во повеќе од грст јаткасти плодови, ф’стаците можеби се вистинскиот избор за вас. Во споредба со другите јаткасти плодови, ф’стаците имаат помалку калории и масти и повеќе незаситени масти, калиум и соединенија од растително потекло.
Фото: Архива